Дефанзивецот ги одбил „топчиите“ поради една причина

Арсенал не штедел, на Рамос му понудил 35 милиони евра за преселба во Лондон

Според пишувањата на Гоал, Серхио Рамос имал примамлива понуда од Премиерлигата, Арсенал на маса ставил двегодишен договор и плата од 15 милиони фунти (17,5 милиони евра) по сезона, но дефанзивецот го одбил предлогот бидејќи „топчиите" не играле во Лигата на шампиони.

Серхио Рамос по 16 години поминати во Реал, летово замина од Мадрид и се пресели во ПСЖ, Шпанецот во средата стави потпис на двегодишен договор со „светците“.

Според пишувањата на Гоал, имало голем интерес за Серхио Рамос и на адреса на дефанзивецот пристигнале и атрактивни понуди од Премиерлигата.

Арсенал на маса ставил 30 милиони фунти (35 милиони евра), односно двегодишен договор и плата од 15 милиони фунти (17,5 милиони евра) по сезона. Луѓето блиски до Серхио Рамос биле привлечени од сумата, но играчот на крајот ги одбил „топчиите“ бидејќи не играле во Лигата на шампиони.

Гоал додава дека предлог доставил о Манчестер Сити, „граѓаните“ му понудиле на Серхио Рамос да игра на „Етихад“ до 2023 година, а потоа да одработи уште три години во САД во редовите на Њујорк Сити.

Што се однесува до договорот на Серхио Рамос со ПСЖ, Гоал вели дека се работи за соработка од 12 милиони евра по сезона, која со најразлични бонуси може да скокне и до 15 милиони евра.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе