Комјунити Шилд

Арсенал на пенали до трофејот од Комјунити Шилд, младиот Брустер трагичар за Ливерпул (ВИДЕО)

Арсенал стигна до нов трофеј, „топчиите" вечерва на пенали беа подобри од Ливерпул во Комјунити Шилд, младиот Брустер е трагичар откако влезе во судиското надополнување и го промаши ударот од белата точка.

Во првиот меч од сезоната 2020/21 во Премиерлигата, Арсенал беше подобар од Ливерпул на Вембли. Во Комјунити Шилд, „топчиите“ на пенали стигнаа до трофејот.

Пјер Емерик Обамејанг го отвори резултатот во 12. минута, напаѓачот прецизно биеше од работ на шеснаесетникот за 1-0. Ливерпул изедначи во 73. минута, по една мешаница, топката стигна до Минамото и фудбалерот од Јапнија рутински реализираше за 1-1.

Во пенал серијата, промаши само младиот Брустер, кој влезе во судиското надополнување. Неговиот обид заврши во гредата, па Арсенал се радуваше на нов успех.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе