Трката за титулата во Премиерлигата е целосно отворена, Ливерпул со девет победи во низа ја намали предноста на Манчестер Сити на само бод.
Вечерва „црвените“ покажаа дека се во страшна форма на гостувањето кај Арсенал и триумфираа со 0-2.
Резултатот го отвори Жота во 54. минута, за Португалецот ова беше погодокот број 7 против Ливерпул на исто толку натпревари по преселбата во Ливерпул.
Трите бода ги осигура Фирмино, кој одлично се снајде по едно додавање на Робертсон во 62. минута.