Премиерлига

Арсенал му лежи на Варди, напаѓачот на Лестер му донесе бод на својот тим во финишот (ВИДЕО)

Арсенал долго време водеше на мечот со Лестер, но Варди во финишот постигна гол и му донесе многу значаен бод на својот тим, конечниот резултат беше 1-1. 

Арсенал поведе уште во 21. минута, Сака асистираше до Обамејанг кој постигна гол за водство на топчиите од 1-0.
 
Тимот на Артета создаде доволно шанси и за поголемо водство, но Шмајхел беше одличен на голот на Лестер.
 
Трагичар за Арсенал беше младиот Нкетиах, кој во игра влезе во 71. минута, а само четири минути подоцна поради опасен старт доби директен црвен картон и го остави својот тим со играч помалку.
 
Лестер го зголеми притисокот а тоа резултираше со гол на Варди во 84. минута по асистенција од Греј за 1-1.
 
На Варди му лежи Арсенал, тој стана само четвртиот играч кој постигнал најмалку 10 гола во Премиерлигата против овој клуб, претходно тоа им успеало на Вејн Руни (12), Роби Фоулер (10) и Хари Кејн (10).

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе