Премиерлига

Арсенал губи од аутсајдерите но ги „гази“ ривалите за топ 4 (ВИДЕО)

Арсенал се врати во местата кои водат во Лигата на шампиони откако попладнево со 1-2 го доби дербито на Лондон и славеше на гостувањето кај Вест Хем.

„Топчиите“ наредија три порази откако загубија од Кристал Палас, Брајтон и Саутемптон, екипи кои на хартија се послаби и се во долниот дел на табелата.

Но потоа следеа две победи против Челси и Манчестер јунајтед за сега да биде совладан уште еден ривал за топ 4, избраниците на Артета со 1-2 славеа во лондонското дерби против Вест Хем.

Холдинг го отвори резултатот во 38. минута и по еден корнер донесе 0-1. Бувен во 45. минута се погрижи на пауза да се замине со 1-1.

Но по десет минути игра во второто полувреме, од нов прекин, Габриел погоди за 1-2 и три бода со кои Арсенал се врати во местата кои водат во Лигата на шампиони.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе