Проблеми за „Топчиите“

Арсенал го тресе скандал, неколку ѕвезди снимени како користат „хепи крек“ на луда журка

„Топчиите" на 20 меча немаат пораз, но добрата атмосфера во соблекувалната може да биде разнишана од веста на „Сан" за луда журка на која бил користен и „хепи крек".

Таблоидот „Сан“ им направи големи проблеми на Месут Озил, Пјер Емерик Обамејанг, Александре Лаказет и Матео Гендузи откако објави снимки од безбедносни камери на кои се гледа како ѕвездите на Арсенал вдишуваат „гас за смеење“.

На видеото со балон во уста можат да се видат и Шкодран Мустафи и Сеад Колашинац, додека пак Хенрих Мхитарјан исто така е присутен, но не вдишува ништо.

Забавата се случила во Лондон во август месец, односно пред почетокот на сезоната. „Гасот за смеење“ се користи како анестетик во медицината, не е нелегален да се поседува, но нелегално е да се продава на други.

Поради тоа што создава еуфорија, се користи и како дрога, во последно време е особено популарен, и на „Островото“ е познат како „хипи крек“. Во мали количини тој е безопасен, но во големи може да предизвика срцев удар, кома па дури и смрт. Од видеото кое го објави „Сан“ се гледа како 19 годишниот Матео Гендузи се онесвестува.

Од Арсенал експресно се огласија и најавија дека ќе разговараат со играчите и ќе ги потсетат кои се нивните одговорности.

Во минатото, поради користење на „гас за смеење“ во проблеми се најдоа Рахим Стерлинг и Кајл Вокер.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе