Интерес пројавуваат уште два други клубови

Арсенал го сака Барди, „топчиите“ доставиле голема понуда

Енис Барди прикажува одлични партии во Леванте па Македонецот го привлече вниманието на неколку клубови, медиумите од Шпанија велат дека Арсенал испратил голема понуда.

По преселбата во Леванте, Енис Барди се промовираше како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Шпанија, но и во Европа. Македонецот прикажува одлични партии изминативе три сезони и за кратко време стана еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот од Валенсија.

Добрите издание не поминаа незабележани, Енис Барди го привлече вниманието на гигантите, а медиумите од Шпанија пренесуваат дека Арсенал тропнал на вратата. Детали не се откриваат, но според Онда Серо, се работи за голема понуда.

Извештајот исто така додава дека интерес пројавува и Фиорентина, како и клуб од Бундеслигата.

Енис Барди се пресели во Леванте за 1,5 милиони евра, но неговата вредност сега е најмалку десет пати повисока.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе