Арсенал

Арсенал го пријави Дејан Илиев во составот за Лига Европа

Македонскиот голман, Дејан Илиев се најде меу 25. играчи на Арсенал кои ќе имаат право на настап во Лига Европа. 

Арсенал денеска го објави составот за Лига Европа, на него го нема Месут Озил, но таму е нашиот Дејан Илиев.
 
За разлика од претходно, овој пат Илиев не замина на позајмица, остана во Арсенал иако конкуренцијата се голема.
 
Арсенал пријави дури пет голмани, покрај Илиев, на списокот се Бернд Лено, Рунар Рунарсон, Мет Мекеј и Џејмс Хилсон.
 
Илиев често беше на списокот на голмани на селекторот Ангеловски, но за денешниот меч со Косово не беше повикан.
 
Списокот на фудбалери на Арсенал за Лига Европа:
 
Голмани: Бернд Лено, Рунар Рунарсон, Мет Мекеј, Џејмс Хилсон, Дејан Илиев
 
Одбрана: Хектор Бељерин, Габриел, Роб Холдинг, Седрик, Шкодран Мустави, Калум Чемберс, Пабло Мари, Давид Луиз, Сеад Колашинац
 
Среден ред: Киран Тиерни, Дани Себаљос, Вилијан, Енсли Маитланд-Најлс, Томас Парти, Мохамед Елнени, Гранит Џака
 
Напад: Александре Лаказет, Пјер Емерик Обамејанг и Никола Пепе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе