Премиерлига

Арсенал го победи Ватфорд и се качи на петтата позиција на табелата (ВИДЕО)

Арсенал влезе во одлична форма, го победи и Ватфорд со 1-0 со што го помина Манчестер јунајтед и се качи на петтото место во Премиерлигата, Тотнем со Конте одигра без голови против Евертон на Гудисон парк. 

По лошиот старт на сезоната, Арсенал влезе во одлична серија која трае веќе подолго време, денеска беа подобри од Ватфород.
 
Во првото полувреме на Арсенал му беше поништен гол на Сака поради офсајд, а Обамејанг промаши и пенал.
 
Сепак по десет минути игра во вториот дел Смит Роу реализираше за водство од 1-0 што беше и конечен резултат.
 
Конте во првиот меч како тренер на Тотнем во Премиерлигата, одигра 0-0 на гостувањето кај Евертон.
 
И Лидс и Лестер ги поделија бодовите откако одиграа 1-1. Тимот на Биелса поведе со гол на Рафиња во 26. минута, но само две минути подоцна Барнс изедначи на 1-1.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе