Премиерлига

Арсенал го победи Лестер, брлилијантна партија на Жесус (ВИДЕО)

Арсенал со 4-2 го победи Лестер во меч во кој Габриел Шесус постигна два гола, а имаше и една две асистенции, Манчестер Сити со убедливи 4-0 беше подобар од Бортнмут. 

Арсенал изгледа одлично на почетокот од новата сезона, тимот на Артета дојде до нова победа, овојпат на свој терен против Лестер.
 
Габриел Жесус беше херојот на овој меч, тој даде два гола во првото полувреме за водство од 2-0 за Арсенал.
 
По осум минути игра во вториот дел Салиба си постигна автогол за 2-1, но само две минути подоцна по асистенција од Жесус, Џака даде гол за 3-1.
 
Во 74. минута Медисон намали на 3-2, но и овојпат само две минути по примениот гол Арсенал ја врати предноста од два гола разлика. Нова асистенција на Жесус, овојпат за гол на Мартинели за 4-2.
 
Манчестер Сити со убедливи 4-0 го победи Борнмут. Халанд не беше еден од стрелците, имаше само една асистенција.
 
Гундоган, Де Брујне и Фоден погодија во првото полувреме, а четвртиот гол беше автогол на Лерма на десет минути пред крајот на првиот дел.
 
Саутемптон и Лидс одиграа нерешено 2-2, а немаше погодоци на мечевите Вулвс - Фулам и Брајтон - Њукасл.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе