Премиерлига

Арсенал го доби големото дерби со Ливерпул и се врати на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Арсенал со 3-2 го победи Ливерпул во одличен дерби меч на Емирати, топчиите повторно се на врвот на табелата во Премиерлигата. 

Арсенал ја продолжи фантастичната форма и ја продлабочи кризата на Ливерпул оваа сезона.
 
Тимот на Артета дојде до осмата победа во деветтото коло и повторно е на врвот на табелата со еден бод предност пред Манчестер Сити.
 
Резултатот беше отворен уште во првата минута кога по одлична асистенција од Одегард, Мартинели постигна гол за водство на Арсенал од 1-0.
 
Тој резултат беше актуелен до 34. минута кога Дарвин Нуњез реализираше за израмнување на 1-1.
 
Во судиското продолжение од првото полувреме Мартинели овојпат беше во улога на асистент, а Сака постигна гол и го врати водството на Арсенал.
 
Но Ливерпул брзо изедначи во вториот дел, во 53. минута Фирмино постигна гол за израмнување на 2-2.
 
На 15 минути до крајот беше досуден пенал за Арсенал по фаул на Тиаго Алкантара врз Габриел Жесус. Сака биеше прецизно од белата точка за победа од 3-2.
 

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе