Премиерлига

Арсенал го доби големото дерби на Северен Лондон, трет пораз по ред за Тотнем (ВИДЕО)

Арсенал влегува во победничка серија, додека Тотнем тоне, тоа се виде на денешното дерби кое го добија топчите со 3-1. 

Арсенал имаше фуриозен старт на дербито, Смит Роу уште во 12. минута постигна гол за водство од 1-0.
 
По 15 минути игра Смит Роу овојпат беше во улога на асистент му додаде на Обамејанг кој реализираше за 2-0.
 
Веќе во 34. минута беше 3-0, Сака постигна гол за убедлива предност на Арсенал.
 
До крајот на мечот Тотнем преку Сон на десет минути до крајот успеа само да го ублажи поразот на 3-1.
 
Со овој трет последователен пораз Тотнем падна на 11. место на табелата, Арсенал има три победи по ред со кои се качи на 10. позиција.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе