Капитенот не е пример за другите

Арсенал е разочаран од Кошчиелни, капитенот одбил да патува на подготовките во САД

Арсенал е разочаран од односот на капитенот Лорен Кошчиелни кој одби да патува на подготвителната турнеја во САД со остатокот од тимот.

Се очекуваше дека Французинот ќе биде дел од составот на Арсенал кој денеска отпатува во САД, но 33-годишниот фудбалер остана во Лондон да ги бојкотира подготовките.

Причината е тоа што сака да се врати во Франција и побарал од Арсенал да го ослободи од договорот кој му истекува за една година.

„Лорен Кошчиелни одби да патува на подготвителната турнеја во САД. Многу сме разочарани со однесувањето на Лорен кое е против нашите јасни инструкции. Се надеваме дека ќе најдеме решение за оваа ситуација и засега нема да даваме дополнителни коментари“, стои во соопштението на Арсенал.

Кошчиелни во Арсенал пристигна во 2010 година, оттогаш има 255 настапи за клубот и постигнато 22 голови.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе