Бразилецот ќе остане во Лондон, но ќе го смени клубот

Арсенал е фаворит за потписот на Вилијан, му го нудат тоа што го сака

Арсенал е фаворит за потписот на Вилијан, а интерес за Бразилецот има и од Барселона и Интер Мајами. 

Арсенал испратил формална понуда за Вилијам со тригодишен договор. Токму должината на договорот е тоа што ги закочи преговорите на Бразилецот со Челси.
 
31-годишниот фудбалер од Челси бараше нов тригодишен договор, но клубот му нудеше договор само на две години.
 
Вилијан сака да има уште еден богат и повеќегодишен договор пред крајот на својата кариера. Со оглед на тоа што тој е слободен играч, Арсенал ќе му ја оствари желбата и му нуди договор на три години со висока плата.
 
Се верува дека двете страни наскоро ќе се договорат и Вилијан ќе стави потпис на договор со Арсенал.
 
Заинтересираност имаше и од Барселона и Интер Мајами, но Вилијан преферира да остане во Лондон.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе