Лига Европа

Арсенал даде два гола за две минути и ја спречи радоста на Стандард (ВИДЕО)

Арснеал постигна два гола за две минути, му откина два бода на Стандард и го елиминираше клубот од Белгија во Лига Европа, Ајнтрахт се спаси и покрај киксот дома со Гимараше.

Стандард е елиминиран од Лига Европа откако вечерва дома одигра 2-2 против Арсенал. Домаќините има за што да жалат откако водеа со 2-0 со головите на Бастиен и Амалах. Сепак, „топчиите“ во финишот постигнаа два гола за две минути и на противникот му откинаа два бода.

Ајнтрахт дома беше изненаден од Гимараше, загуби со 2-3 но се спаси благодарејќи на ремито на Арсенал во Белгија.

Елиминација доживеа и Лацио, на „бјанкочелестите“ практично имаа невозможна мисија, требаше да победат на гостувањето кај Рен, а и услуга од Селтик против ЦФР Клуж. На клубот од Рим не само што не му одговараше резултатот од Романија, не ја заврши ниту сопствената задача и загуби со 2-0.

Резултати:

АПОЕЛ – Севилја 1:0
Базел – Трабзонспор 2:0
Клуж – Селтик 2:0
Динамо Киев – Лугано 1:1
Ајнтрахт Франкфурт – Гимараеш 2:3
Копенхаген – Малме 0:1
Гетафе – Краснодар 3:0
ЛАСК Линц – Спортинг Лисабон 3:0
ПСВ – Розенборг 1:1
Карабах – Дуделанж 1:1
Рен – Лацио 2:0
Стандард – Арсенал 2:2

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе