Светскиот шампион не дава никаков придонес на терените

Арсенал бара нов клуб за Озил, ако не најде, ќе му плати на Германецот да си оди

Арсенал е подготвен да му плати десетина милиони фунти на Месут Озил за да го напушти Емирати ова лето, Германецот е најплатен играч во клубот а не дава никаков придонес на терените.

Манчестер јунајтед минатата недела конечно се ослободи од огромниот договор на Алексис Санчез, фудбалерот се пресели во Интер, а „ѓаволите“ помогнаа во реализација на трансферот со тоа што му платија околу 9 милиони фунти на фудбалерот.

И Арсенал има „случај Санчез“, Месут Озил е најплатениот играч во клубот со неделни примања од 350.000 фунти а не дава никаков придонес на терените. Играчот е подготвен да ја преседе цела сезона и да си „лапне“ 18 милиони фунти без да се испоти, па „топчиите“ бараат решение на проблемот.

Се шпекулира дека клубови од САД и Турција пројавуваат интерес за услугите на Германецот, но во моментов нема пристигнато конкретна понуда.

Арсенал е подготвен да го пушти Месут Озил без оштета, дури и да покрие дел од неговата плата доколку тој одбере нова дестинација.

Според пишувањата на Мирор, клубот од Северен Лондон дури е подготвен и на драстичен чекор, односно да му плати десетина милиони фунти за раскин на договорот и тој да си замине од Емирати.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе