Реал Мадрид

Арогантниот Куртоа може да го загуби статусот на прв голман од Навас

Кој е подобар голман, скромниот Кејлор Навас или Тибо Куртоа, Зинедин Зидан ќе има главоболки и во новата сезона да одлучи кој ќе биде прв чувар на голот.

Куртоа пред извесно време рече: Веќе е јасно кој е број еден во тимот. Таквата самобендисана изјава веднаш му се удри од глава и прими пет голови за едно полувреме против Атлетико Мадрид.

На ден пред тргнувањето на турнирот во Минхен, Куртоа се повреди, а со тоа ја отвори вратата за неговиот конкурент, Кејлор Навас.

Навас на теренот против Тотнем излезе со дополнителна мотивација по изјавата на Куртоа и со неколку одлични интервенции ја врати дебатата за тоа кој треба да биде прв голман на Реал Мадрид.

Куртоа со повредениот зглоб ќе мора да мирува две недели, а потоа и да тренира додека влезе во натпреварувачка форма. Се прогнозира дека на отварањето на сезоната Навас ќе брани, на 17 август против Селта тој ќе застане на голот на Реал Мадрид.

А потоа само од Навас ќе зависи дали ќе остане да биде прв голман или со несигурни партии повторно ќе го врати Куртоа на голот.

Не треба да се занемари и пријателството на Навас со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Куртоа во подготовките влезе со голема самодоверба, но можеби тој ќе биде голманот кој ќе чека шанса за да се врати во стартниот тим.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе