Двајцата играа заедно шест месеци во Интер

Арнаутовиќ: Пандев е клучен играч на Македонија, секогаш има ас во ракавот па мораме добро да внимаваме

Напаѓачот на Австрија, Марко Арнаутовиќ го посочи Горан Пандев како најголема опасност во репрезентацијата на Македонија и ги предупреди своите соиграчи дека ќе треба добро да внимаваат.

Фудбалерот на Вест Хем играше шест месеци крај Горан Пандев во Интер, двајцата беа дел од историската сезона и тројната титула на „нероаѕурите“.

„Се познаваме добро, задоволство ми е што повторно ќе го видам. Има одлична кариера зад себе и е клучен играч на Македонија. Мораме добро да внимаваме на него, секогаш има ас во ракавот“ – вели Марко Арнаутовиќ.

Австрија ги отвори квалификациите за Европското првенство со два порази, од Полска и Израел, но во петокот се радуваше на три бода и победа против Словенија.

„Очекувам да одиграме со иста мотивација и ентузијазам како против Словенија. Знаеме да играме убав фудбал, и се надвам дека тоа ќе го покажеме и сега. Сепак, најважно од сè ми е да ја победиме Македонија“.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе