четврток, 28 март 2024

Тонали се обложувал и како играч на Њукасл, го очекува нова казна

Суспензијата на Сандро Тонали би можела да се зголеми, ФА покрена постапка против него за обложување во периодот откако потпишал за Њукасл.

Објавено на

часот

Сподели

Тонали во моментов издржува суспензија од 10 месеци поради обложување на фудбалски натпревари додека играше во Италија. Таа суспензија му е од Италијанската фудбалска федерација.

Денеска од ФА информираат дека против Тонали е покрената истрага за 50 прекршувања на правилото за обложување оваа сезона, односно толку пати се обложил на фудбалски натпревари.

Тонали се обложувал во периодот од 12 август до 12 октомври минатата година, односно во првите месеци откако потпиша за Њукасл.

Италијанскиот фудбалер има рок до 5. април да го даде својот одговор на овие обвиненија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ