Бил како мало дете во Луна парк

Арнаутовиќ објасни зошто не успеал во Интер: Голем договор, голем град... поважни ми беа колите, ноќниот живот

Марко Арнаутовиќ се спореди со мало дете во Луна парк кога пристигнал во Интер и Милано, вели дека фудбалот му бил во втор план па затоа не успеал во дресот на „нероаѕурите".

Фудбалерот од Австрија минатото лето пристигна во Болоња за својата втора авантура во Серија А, откако во сезоната 2009/10, беше дел од Интер. Марко Арнаутовиќ тогаш пристигна како голем талент, но не се снајде и по само 12 месеци си замина.

„Во Интер бев како дете во Луна парк. Голем договор, голем град, големи шампиони околу мене. Фудбалот ми беше во втор план, поважни ми беа колите, да излезам, да прошетам, ноќниот живот“ – вели Марко Арнаутовиќ во разговор со медиумите од Италија.

„Дури по шест месеци почнав да се фокусирам на фудбалот. По тој ицидент во Абу Даби (задоцнил неколку пати на тренинг/обврски), Жозе Мурињо убаво објасни неколку работи па почнав да бидам посериозен“.

Тој беше дел од составот кој испиша историја и ја освои „триплетата“, но напаѓачот не се гледа себеси така.

„Никогаш не сум велел дека ја имам освоено тројната круна. Да, бев дел од тој тим, но само 2%, би рекол како навивач...“

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе