Напаѓачот заминува по крајот на сезоната

Аривабене објасни зошто Јувентус нема да го обнови договорот на Дибала: Работите се променија во јануари...

Генералниот извршен директор на Јувентус, Маурицио Аривабене потврди дека договорот на Пауло Дибала нема да биде обновен, работите се промениле по трансферот на Душан Влаховиќ во јануари.

„Старата дама“ вечерва потврди дека Пауло Дибала нема да стави потпис на нов договор и ќе замине по крајот на сезоната. Двете страни пред неколку месеци си подадоа рака за нова соработка вредна 10 милиони евра по сезона, но Јувентус потоа реши да ја повлече понудата.

Двете страни денеска имаа нов состанок на кој не беше најден компромис па Марицио Аривабене вечерва објасни зошто Пауло Дибала нема да го обнови договорот.

„Јувентус нема да го обнови договорот на Пауло Дибала“ - изјави генералниот извршен директор.

„Со трансферот кој го направивме во јануари и ангажманот на Влахови, Пауло повеќе не е во центарот на нашиот проект. Затоа донесовме ваква одлука и решивме да не го обновиме договорот“.

„Средбата денеска беше пријателска и коректна. Лесно беше да го намалиме финансискиот дел од понудата, но Дибала седум години е дел од Јувентус и на тој начин ќе покажевме непочитување кон него“.

Претходно Аривабене говореше дека Пауло Дибала многу често се повредува, па сега беше запрашан дали ова е една од причините да не му се обнови договорот на напаѓачот.

„Одлуката е од технички карактер, никој никогаш не ги спорел вештините и квалитетот на Пауло. Во предвид беа земени различни фактори како должината на договорот и финансиските импликации“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе