Копа Америка

Аргентина ја помина Венецуела и закажа полуфинале со Бразил! (ВИДЕО)

Аргентина со 2-0 ја победи Венецуела и обезбеди пласман во полуфиналето од Копа Америка каде ќе игра против домаќинот Бразил. 

Аргентина одигра уште еден неубедлив натпревар, но си ја заврши задачата, ја совлада селекцијата на Венецуела и обезбеди место меѓу четирите најдобри.
 
Резултатот беше отворен рано, уште во десетата минута Лаутаро Мартинез најдобро се снајде во шеснаесетникот на Венецуела и постигна гол за водство на Аргентина од 1-0.
 
Во продолжението Венецуела јалово се обидуваше да изедначи, Аргентина се обидуваше преку контри, но не се случуваше ништо возбудливо.
 
Прашањето за победникот беше решено на 15 минути до крајот кога Ло Келсо искористи еден кикс на голманот на Венецуела и постигна гол за конечни 2-0.
 
Во полуфиналето Аргентина ќе игра против најголемиот ривал Бразил кој е главен фаворит за трофејот од Копа Америка.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе