Копа Америка

Аргентина игра очајно, голманот ја спаси од нов пораз, Парагвај промаши пенал за победа (ВИДЕО)

Аргентина игра уште едно разочарувачко првенство, Меси и останатите беа блиску до нов пораз, но благодарение на интервенциите на Армани одиграа 1-1 против Парагвај. 

Парагвај може да жали што не ги освои сите три бода од дуелот против Аргентина, не реализираа и пенал за победа.
 
Резултатот беше отворен во 37. минута кога по еден центаршут на Мигуел Алмирон, Ричард Санчез даде гол за водство на Парагвај од 1-0.
 
По седум минути игра Лаутаро Мартинез ја погоди пречката, но по прегледувањето на ВАР, судијата виде дека некој од играчите на Парагвај играл со рака во шеснаесетникот и досуди пенал за Аргентина.
 
Меси беше сигурен реализатор на ударот од белата точка и го изедначи резултатот на 1-1.
 
Но во 62. минута пенал на спротивната страна, Николас Отаменди направи фаул, судијата не се двоумеше да покаже најстрога казна. Дерлис Гонзалез шутираше од белата точка, голманот Армани го одбрани неговиот удар.
 
Во финишот од мечот Парагвај имаше уште една огромна шанса да победи, но Армани со двојна интервенција повторно ја спаси мрежата на Аргентина.
 
Во првиот вчерашен дуел, Колумбија со гол на Запата на пет минути до крајот на мечот го победи Катар со минимални 1-0.
 
По две одиграни кола во групата Б, Колумбија е прва со шест бода, Парагвај има два, Катар и Аргентина по еден.
 

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе