Финалисима

Аргентина го освои трофејот Финалисима, неславно збогум на Кјелини со Италија (ВИДЕО)

Аргентина со 3-0 ја победи Италија и го освои трофејот Финалисима, за Џорџо Кјелини ова беше последниот натпревар во дресот на италијанската репрезентација. 

Аргентина ја надигра и ја победи Италија на Вембли, Џорџо Кјелини го одигра првото полувреме од мечот, тоа беа неговите последни минути во италијанскиот дрес. 

Ова беше дуел меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка, меч кој се нарече Финалисима.

Резултатот беше отворен во 28. минута кога по асистенција од Меси, Лаутаро Мартинез постигна гол за водство на Аргентина од 1-0.
 
Пред самиот крај на првото полувреме, Лаутаро Мартинез се најде во улога на асистент, му додаде на Ди Марија, а тој убаво со лоб зголеми на 2-0.
 
Дибала во игра влезе во 91. минута, а три минути подоцна постигна гол за конечни Аргентина - Италија 3-0.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе