Мајк Ешли останува сопственик на клубот

Арапите се повлекоа, пропадна зделката вредна 300 милиони фунти за купување на Њукасл

Конзорциумит предводен од саудискиот инвестициски фонд ПИФ се повлече од намерата да го купи Њукасл, клубот од Сент Џејмс Парк останува во сопственост на Мајк Ешли.

На почетокот од годината, начелно беше постигнат договор за продажба на Њукасл за 300 милиони фунти. Се работеше за конзорциум предводен од државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија ПИФ, кој требаше да поседува 80% од клубот а по 10% да добијат ПЦП Капитал Партнерс и Рубен  Брадерс.

Но зделката наиде на многу пречки, од најразлични страни стигнаа барања до Премиерлигата да ја блокира продажбата. Проблем беше „пиратерија“ и емитување на натпреварите од најсилното првенство на Англија во Саудиска Арабија без притоа да се поседуваат ТВ правата.

Непочитување на човековите права, и убиството на новинарот Џамал Кашоги исто така се посочуваа како едни од причините зошто не треба да се даде амин, па процесот се одолговлекуваше.

Зделката на крај нема да се реализира, Арапите денеска се повлекоа од намерата да го купат Њукасл па клубот од Сент Џејмс Парк останува во сопственсот на Мајк Ешли.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе