Наместо отказ Италијанецот добива нова шанса

Антонио Конте останува во Челси, барем засега

Шампионот на Англија во моментов нема планови за разделба со менаџерот Антонио Конте, стратегот ќе добие доверба и прилика да го извади Челси од кризата

Столчето на Италијанецот сериозно се ниша, по вчерашниот пораз на гостувањето кај Ватфорд се погласно се најавува дека Антонио Конте ќе добие отказ.

Сепак, попладнево две големи ТВ куќи од „Островото“ пренесоа дека Челси во моментов нема планови за разделба со менаџерот.

БиБиСи објави дека Антонио Конте нема да добие отказ по вчерашниот пораз, и додава дека управата на Челси не разговарала за иднината на стратегот. Извори од Стемфорд Бриџ им посочиле дека во моментов не се размислува за промени бидејќи Челси е во топ четири на табелата, се уште е во Лигата на шампионите а „Сините“ се во игра и за трофејот од ФА Купот.

Со иста сторија излезе и Скај Спортс, според кого Антонио Конте останува во Челси, барем засега. Роман Абрамовиќ не сака да бара краткорочно решение во пресрет на неколку тешки недели во кои „Сините“ ќе играат против Барселона во Лигата на шампионите а ќе ги одмерат и силите со двата клуба од Манчестер. Па Италијанецот ќе добие шанса да го извади клубот од криза  да го врати на прав пат.

Скај Спортс исто така додава дека спротивно на големиот број на шпекулации за можноста Луис Енрике или Карло Анчелоти да седнат на кормилото на Стемфорд Бриџ, „Сините“ немаат остварено контакт со никого.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе