Не седат мирни

Анти-ваксерите во Баерн размислуваат да го тужат клубот!

Медиумите од Германија пренесуваат дека петмината фудбалери на Баерн Минхен кои не се вакцинирани, размислуваат да го тужат клубот доколку им биде скратена платата.

Баерн Минхен изминатиов период е во фокусот на јавноста поради проблемите со фудбалерите кои не сакаат да се вакцинираат, се работи за петмина, и во моментов сите се во карантин.

Прв кој замина во карантин беше Џошуа Кимих поради контакт со лице од своето опкружување кое било позитивно на ковид-19, а од вчера во карантин се и Серж Гнабри, Ерик Максим Чупо Мотинг, Џамал Мусиала и Микаел Куисанс поради контакт со позитивно лице вработено во Баерн.

Изминатиов викенд беше објавено дека Баерн ги известил фудбалерите дека ќе го применат законот според кој од 1. ноември работодавецот слободно може да не им исплаќа плата на вработените кои не сакаат да се вакцинираат а мораат во карантин.

Во случајнот на Џошуа Кимих, кој два пати мораше во карантин, тоа значи кинење на плата од околу 768.000 евра.

Но анти-ваксерите нема да седат мирни, спорд БР, тие размислуваат да го тужат Баерн Минхен доколку им биде скратена платат и да влезат во правна битка со клубот.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе