По заканите за кратење на плата

Анти-ваксерите во Баерн полека си лeгнуваат на брашното, двајца веќе примиле прва доза

Медиумите од Германија пренесуваат дека Баерн Минхен во иднина ќе имаат помалку проблеми со играчите кои не се вакцинирани откако Серж Гнабри и Џамал Мусиала примиле прва доза.

Баерн Минхен изминатиов период е во центартот на вниманието, шампионот на Германија во своите редови има петмина фудбалери кои не сакаат да се вакцинираат и тоа му создава главоболки на тренерот Јулијан Нагелсман.

„Баварците“ оваа недела им се зазканија на анти-ваксерите дека ќе им кратат од плата (во случајот на Џошуа Кимих се зборуваше за сума од 768.000 евра). Исто така се пишуваше дека фудбалерите одговориле со иста мера и се заканиле со тужба, но се чини дека тие полека си легнуваат на брашното.

Кикер пренесе дека Серж Гнабри и Џамал Мусиала, откако се консултирале со неколку доктори, веќе примиле прва доза. Серж Гнабри има прележано ковид-19 па за две недели ќе се води како целосно имунизиран.

Што се однесува до Џамал Мусиала, немало јасни препораки за него и тој спаѓа во групата на граѓани со низок приоритет бидејќи има само 18 години.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе