Ансу Фати со солзи во очите го напушти теренот на синоќешниот дуел против Атлетик Билбао во Копа дел Реј. Напаѓачот влезе во игра во 61. минута, но на стартот од првото продолжение доживеа нов пех и мораше да излезе.
Одново настрада бутниот мускул на левата нога, повреда која ја заработи и во ноември месец и поради која два месеци беше надвор од стројот.
Новите тестови ќе покажат колку е сериозна новата повреда, според пишувањата на медиумите од Шпанија, го чека пауза од најмалку еден месец, а големи се шансите одново да биде два месеци надвор од стројот.
Проблемите за младото момче започнаа во ноември 2020, кога го повреди левото колено, односно менискусот, работите се ископлицираа, мораше да направи неколку операции и повеќе од 10 месеци беше во аут.