Не го послуша советот на Барса

Ансу Фати сака повторно да игра оваа сезона, напаѓачот одби операција

Ансу Фати се одлучил за конзервативен третман, напаѓачот не го послуша советот на Барселона да направи операција.

Ансу Фати нема да оди под нож, младиот напаѓач не го послуша советот на Барселона и се решил за конзервативен третман.

Синоќа имало нов состанок помеѓу играчот и лекарскиот тим (на средбата биле присутни и неговиот татко и неговиот агент), Ансу Фати побарал време да размисли и денеска им ја пренел одлуката.

Младиот напаѓач се решил за конзервативен третман, се очекува да биде надвор од стројот помеѓу 6 и 8 недели.

Доколку Ансу Фати го послушаше советот на Барса и се решеше за операција, тој ќа паузираше повеќе од три месеци и големи беа шансите сезоната за него да е завршена, но ќе имаше помал ризик да ја обнови повредата во иднина.

Сепак, поради лошото искуство со претхоната операција (на менискусот) поради која беше во аут дури 10 месеци, Ансу Фати по долго разимислување го одбрал конзервативниот третман.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе