Лига на Нации

Ансу Фати испиша историја и урна рекорд стар 95 години во победата на Шпанија од 4-0 (ВИДЕО)

Шпанија со 4-0 ја совлада Украина, Ансу Фати испиша историја и стана најмладиот стрелец во дресот на „црвената фурија", фудбалерот на Барселона урна рекорд стар 95 години.

Серхио Рамос вечерва постигна два гола против Украина, но дефанзивецот остана во сенка на Ансу Фати. Фудбалерот на Барселона во 32. минута со прецизен удар од работ на шеснаесетникот погоди за 3-0 и испиша историја.

Со 17 години и 311 дена, тој е најмладиот стрелец во историјата на „црвената фурија“. Ансу Фати собори рекорд стар 95 години, претходно најмлад стрелец беше Хуан Еразкин, кој во 1925 година постигнал гол со 18 години.

Претходно, Рамос од пенал рано донесе водсто од 1-0, за играчот на Реал Мадрид по половина час игра со глава ја затресе мрежата нa гостите по втор пат. Конечните 4-0 ги постави Феран Торес во финишот.

Германија повторно испушти предност и мораше да се задоволува со бод. Гиндоган биеше прецизно по земја на прва статива за 0-1 во 14. минута, но Швајцарија преку Видмер изеначи на 1-1 во 58. минута.

Србија и Турција одиграа 0-0 во Белград, а Грција со 1-2 славеше на гостувањето кај Косово.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе