Анри си замина од Монтреал, се враќа во Европа

Тјери Анри не е повеќе тренер на Монтреал, тој реши да го напушти клубот поради фамилијарни причини и да се врати во Лондон. 

Поради пандемијата, Монтреал од Канада лани мораше да се пресели во САД и таму да функционира со месеци со што Анри беше оделен од фамилијата.
 
И оваа сезона требаше да биде нешто слично, па Анри реши со фамилијата да се вратат во Лондон.
 
„Со тешко срце ја донесов оваа одлука. Минатата година ми беше екстремно тешка. Поради светската пандемија не можев да ги гледам моите деца. За жал рестрикциите остануваат. Со тага ја донесов одлуката со фамилијата да се вратиме во Лондон и да го напуштам Монтереал. Би сакал да им се заблагодарам на фановите, фудбалерите и целиот персонал на овој клуб кој направи да се чувствувам како дома“, изјави Анри.
 
Французинот во ноември 2019 го презема клубот и за првпат по четири години успеа да го пласира во плејофот. Тие дојдоа и до четвртфиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите.
 
Се шпекулираше дека Борнмут сака да го ангажира Анри, но тие решија да го именуваат Џонатан Вудгејт за перманентен тренер. Нејасно е која ќе биде следната дестинација на Анри.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе