Преговорите за нов договор тапкаат во место

Ањели го демантира Дибала: Има понуда да стане еден од најплатените фудбалери во Европа!

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели вели дека доставиле понуда за нов договр до Пауло Дибала и тоа прилично убава, Аргентинецот може да стане еден од најплатените 20 фудбалери во Европа.

Низ медиумите подолго време кружат гласини за новиот договор на Пауло Дибала, се шпекулира дека играчот сака двојно поголема плата односно околу 15 милиони евра за да остане верен, сума која Јувентус не помислува да ја одвои, особено не во коронавирус криза.

По победата на Џенова, Аргентинецот се огласи на оваа тема и рече: „Мноу работи кои не се точни беа кажани за мојот нов договор. Мојот агент долго време беше во Торино и никој од клубот не му се јави. Подобро е вистината да излезе на виделина бидејќи фановите се свртеа против мене а јас толку многу го сакам Јувентус“.

Сепак, првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели излезе со контра изјава.

„Ја слушнав изјавата на Дибала, тоа е дел од мојата работа. Добра вест е голот кој конечно го постигна против Џенова, Пауло мина низ тежок период откако се зарази со ковид-19. Среќен сум што слушам за неговата љубов кон Јувентус, можам да додадам дека љубовата е реципрочна. Ние го гледаме него како иден капитен“ – вели Андреа Ањели.

„Што се однесува до новиот договор, знам дека тој има понуда со која ќе стане еден од најплатените 20 фудбалери во Европа. Го чекаме неговиот одговор“.

Андреа Ањели не откри детали од понудата, медиумите претходно пишуваа дека се работи за плата од 10 до 12 милиони евра по сезона.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе