Сари треба да биде фокусиран на финалето од ЛЕ, но...

Ањели е во ист хотел со Челси, се обидува ли Јуве во Баку да го договори новиот тренер (ФОТО)

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели престојува во хотелот во Баку во кој е сместен и Челси со цел да ги заврши преговорите за ангажман на Маурицио Сари.

Се погласно се шпекулира дека Маурицио Сари ќе биде новиот тренер на Јувентус, и ваквите гласини имаат здрава подлога.
 
„Тутоспорт“ објавува дека Андреа Ањели тргнал во Баку по Сари. Претседателот на Јувентус е во истиот хотел со Челси кој вечерва игра во финалето од Лига Европа против Баку.
 
Иако Сари треба комплетно да биде фокусиран на вечерашниот натпревар, за Ањели тоа не е пречка да проба да го договори неговиот ангажман уште во Баку.
 
Тој во Баку официјално е како претседател на ЕКА (Европската клупска асоцијација), но речиси никој не може да негира дека тој таму е и поради Сари.
 
Јувентус наскоро треба да го обелодени наследникот на Масимо Алегри, а многумина сметаат дека тоа не е направено се уште бидејќи изборот паднал на Сари и треба да се почека да заврши и финалето од Лига Европа.
 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе