Не добил шанса за докажување

Анхелињо не ја памти по добро соработката со Гвардиола: Пеп ме уби мене и мојата самодоверба!

Левиот бек на РБ Лајпциг, Анхелињо не ја паметни по добро соработката со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, вели дека не добил права шанса за докажување.

Шпанецот оваа сезона игра во одлична форма, со 8 погодоци и 11 асистенции е еден од подобрите поединци во тимот на РБ Лајпциг. 

Тој се пресели во редовите на „биковите“ минатата сезона, најпрво пристигна на позајмица од Манчестер Сити, за пред десетина дена РБ Лајпциг целосно да го купи неговиот договор. 

Анхелињо сега проговори за престојот на Етихад, вели дка не добил права шанса за докажување и не ја памети по добро соработката со Пеп Гвардиола. 

„Пеп ме уби мене и мојата самодоверба. Откако се вратив во Сити по сезоната помината во ПСВ, тој веќе имаше креирано мислење по само две пријателски натпревари и не ми укажа права шанса“ - вели 24 годишниот Шпанец. 

„Па среќен сум што се преселив во Лајпциг и што станав важен дел од овој тим“. 

Запрашан да направи споредба помеѓу Пеп Гвардиола и Јулијан Нагелсман, тој вели: „Едниот не ме пушташе да играм, другиот реши да ми укаже доверба и прилика да играм. Во Лајпциг, од првиот ден чувствував дека веруваат во мене. Клубот и тренерот ми дадоа ветер во грб“.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе