Анхел Ди Марија останува во Реал до јуни

Аргентинското крило на Реал Мадрид му порачал на Флорентино Перез дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Сантијаго Бернабе“, што е еден вид компромис, поради желбата веќе во јануари да замине од шпанската престолнина.

Најтиражниот спортски весник на Пиринеите, „Марка“ објави дека Ди Марија и Перез имале состанок по кој Аргентинецот сепак решил да остане до крајот на сезоната и да не заминува зимава, иако според сите најави Арсенал сериозно сакал да го ангажира како засилување.

Ди Марија сезонава добива шанса пред се поради честите повреди и прилагодувањето на герет Бејл на новиот тим, но самиот е свесен дека набргу ќе падне во втор план во тимот на Карло Анчелоти. Тој сакал да игра повеќе и барал клуб кој ќе му гарантира првотимски статус.

Покрај Арсенал и Монако покажувал интерес, но по состанокот со Перез, Аргентинецот се согласил да остане до јуни како компромисно решение, по што „кралевите“ на лето нема да му прават проблем да замине, ако тој тогаш посака такво нешто.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе