Лига Европа

Англиско финале и во Лига Европа, Челси на пенали го победи Ајнтрахт (ВИДЕО)

Челси и Арсенал ќе играат во финалето во Лига Европа откако сините по подобро изведување на пенали го поминаа Ајнтрахт во полуфиналето.

Челси се изнамачи за да стигне до финалето од Лига Европа, беше на работ на елиминација но на крајот тие се радуваа на победата.
 
Челси добро го почна мечот, поведе во 28. минута со гол на Лофтус Чик по убава асистенција од Азар.
 
По четири минути игра во второто полувреме Ајнтрахт го изедначи резултатот со гол на Лука Јовиќ.
 
1-1 беше резултот по 90 минути игра, идентично како во Франкфурт па се премина кон две продолженија од по 15 минути. Немаше гол ниту во нив, па пеналите требаше да го решаваат победникот.
 
Првите пенали беа релизирани, но во втората серија Аспиликуета не даде гол, Ајтрахт имаше водство и од 3-1 на пенали, но до крајот Челси ги реализираше своите удари од белата точка, а германскиот тим два пати промаши. Сините ја добија пенал серијата со 4:3 и се пласираа во финалето.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе