Англија владее во клупскиот фудбал

Англиските екипи испишаа историја во Европа, доминација каква што не е видена досега

Англиските екипи испишаа историја откако вечерва Челси и Арсенал се пласираа во финалето од Лига Европа. 

Ливерпул и Тотнем ќе играат во финалето од Лигата на шампионите, а Челси и Арсенал ќе се борат за пехарот во Лига Европа.
 
Ниту еднаш досега не се случило финалистите и во двете натпреварувања да бидат од иста земја. 
 
Шпанија била доминантна во минатото, но ова што го направи Англија на никој не му успеало. Домининација како никогаш досега. 
 
Интересен е и фактот што меѓу овие четири екипи не е актуелниот англиски шампион, тоа само дава уште поголема тежина на овој успех.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе