Лига на нации

Англија загуби од Данска, Мегваер е трагичар на мечот (ВИДЕО)

Уште еден лош ден за најскапиот дефанзивец во светот, овој пат во дресот на англиската репрезентација, доби црвен уште во текот на првиот дел по што Данска си замина со победа од Англија. 

Англија на свој терен загуби од Данска со 1-0, трагичар на мечот беше дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер.
 
Тој уште во петтата минута доби жолт картон по што требаше да биде повнимателен, но наместо тоа во 32. минута стартуваше исклучително грубо, доби втор жолт и ја остави Англија со играч помалку. Тоа беше старт по кој можеше и директно да биде исклучен.
 
 
Три минути подоцна Вокер направи пенал, судијата можеби престрого покажа на белата точка за Данска, реализираше Ериксен за водство и победа на Данците од 1-0.
 
До крајот на мечот Англија со десет фудбалери не успеа да избегне пораз.
 
Португалија и без Роналдо победува убедливо, ја совладаа Шведска со 3-0. Два гола беа дело на Диого Жота, еден на Бернардо Силва.
 
Франција со 2-1 славеше на гостувањето кај Хрватска. Гризман и Мбапе ги постигнаа головите за Франзуците, Власиќ реализираше за Хрватска.
 
Италија и Холандија одиграа 1-1, Пелегрини и Ван де Бек беа стрелци на головите. Белгија со два гола на Лукаку го победи Исланд со 2-1 на негов терен. 
 
Полска со 3-0 славеше над Босна и Херцеговина, Левандовски постигна два гола, а имаше и асистенција за погодокот на Линети.
 
Во мечевите од Лига Б, Србија одигра 2-2 кај Турција, Шкотска со 1-0 ја совлада Чешка, Словачка дома загуби од Израел со 2-3, Австрија со 1-0 победи кај Романија, со истиот резултат Норвешка славеше над Северна Ирска, победи од 1-0 обезбедија и Велс во Бугарија и Финска против Ирска, немаше погодоци на мечот меѓу Русија и Унгарија.
 
Во Лига Ц, покрај нашиот меч, Естонија и Ерменија одиграа 1-1, Белорусија со 2-0 го совлада Казахстан, Грција и Косово одиграа без голови исто какко и Литванија и Албанија, Словенија со 4-0 славеше убедлива победа кај Молдавија.
 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе