Лига на нации

Англија со пресврт во триумф против Белгија, Хрватска ја победи Шведска (ВИДЕО)

Англија со 2-1 го доби дербито против Белгија иако гостите први постигнаа гол, со истиот резултат Хрватска ја совлада Шведска. 

Еден од најинтересните дуели во Лига А денеска беше дуелот меѓу Англија и Белгија кој заврши со победа на домаќините од 2-1.
 
Белгија поведе уште во 16. минута со гол на Лукаку од пенал, но на пет минути пред крајот на првиот дел на ист начин изедначи Рашфорд.
 
Во 65. минута Маунт со помош на еден од одбрамбените играчи на Белгија постигна гол кој значеше три бода за англиската репрезентација.
 
Хрватска со 2-1 ја победи Шведска. Власиќ во 32. минута погоди за водство од 1-1, во 66. гостите изедначија со погодок на Берг. Нововлезениот Крмариќ во 84. минута го постигна победничкиот гол за Хрватите.
 
Босна и Херцеговина одигра 0-0 против Холандија.
 
Во Лига Б, Норвешка со убедливи 4-0 ја совлада Романија, Финска со 2-0 беше подобра од Бугарија, а Република Ирска и Велс одиграа без голови.
 
Во Лига Ц, во дуелот од нашата група Ерменија и Грузија одиграа нерешено 2-2, со ист резултат заврши и мечот меѓу Литванија и Белорусија, а немаше погодоци на дуелот меѓу Казахстан и Албанија.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе