Клубовите ќе кажат збогум на 1 милјарда фунти

Англија ќе го следи примерот на Белгија, Премиерлигата во брзо време ќе соопшти дека сезоната е завршена?!

Премиерлигата ќе го следи примерот на Белгија и ќе соопшти дека сезоната е завршена, ова го тврди директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино.

Белгија е првата земја во Европа која реши да стави крај на првенството поради коронавирусот и да го прогласи Клуб Бриж за шампион. УЕФА остро се спротивстави на ова, веднаш им пиша на сите земји дека приоритет е да се доигра сезоната, а претседателот Александер Чеферин се закани дека членките кои ќе превземат ваков чекор, ризикуваат да останат без место во Лигата на шампиони и Лига Европа.

Сепак, примерот на Белгија може да го следи и Англија. Спортскиот директор на Удинезе, Пјерпаоло Марино пренесе дека Премиерлигата наскоро ќе соопшти дека сезоната е завршена.

Тој не открива кој му ги соопштил ваквите вести, но Удинезе и Вотфорд имаат ист сопственик (семејството Поцо) и многу блиска соработка.

„Фудбалската федерација на Белгија веќе даде зелено светло за крај на сезоната и покрај заканите за санкции од УЕФА. Во Англија, Премиерлигата наскоро ќе испрати слично соопштение бидејќи ситуацијата таму е многу, многу сериозна. Јас само се надевам дека ќе можеме повторно да уживаме во фудбалот по пандемијата на коронавирус. Без разлика колку време ќе ни треба, најважно е да излеземе од оваа опасна зона. Не сум загрижен за оваа сезона, туку за следната“ - вели Марино за Спортиталија.

Во моментов, Премиерлигата е суспендирана на неодредено време. Доколку првенството не биде доиграно, клубовите ќе треба да кажат збогум на 1 милјарда фунти, пари од ТВ правата, спонзорски договори и продажба на билети.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе