Веднаш тргнаа од центар но Чакир ги врати назад

Англија како мал тим, сакаше да изедначи додека Хрватите се радуваа на голот на Манџукиќ (ВИДЕО)

Избраниците на Герет Саутгејт немаа идеа како да се справат со „Коцкастите“, се обидоа со финта веднаш да изедначат па додека Хрватите се радуваа на голот на Марио Манџукиќ тие веднаш тргнаа од центар по 2-2

„Трите Лава“ не одиграа ништо во второто полувреме и продолженијата, па за ваквиот пристап беа казнети во 109. минута кога Марио Манџукиќ ја искористи заспаноста на одбраната на Англија и погоди за 2-1.

И додека сите Хрвати славеа покрај гол-аут линијата, Англија се обиде да искористи „дупка“ во правилата и со финта да стигне до изедначување, но судијата не им дозволи да тргнат од центар додека „Коцкастите“ се радуваа на водството надвор од теренот.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе