Квалификации за СП 2023

Англија ја наполни мрежата на Македонија, пораз од 8-0 на фудбалерките

Македонската женска фудбалска репрезентација со тежок пораз од Англија ги почна квалификациите за Светскокто првенство 2023, загубивме со 8-0. 

Англија е апсолутен фаворит во нашата група, поразот е очекуван, но е премногу висок.
 
Првиот гол го примивме од Тон во 12. минута, потоа одолевавме на нападите на Англичанките се до 42. минута кога Вајт зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел Живиќ си постигна автогол, на полувремето се замина со 3-0 за Англија.
 
Следниот гол го примивме од Вајт во 67. минута, а десет минути подоцна Ингланд зголеми на 5-0, следуваше нов автогол, овој пат на Коларовска за 6-0.
 
Кога се чинеше дека со овој резултат ќе заврш мечот, Англија погоди во 90. Ингланд и 91. минута Мид за победа од 8-0.
 
Во следното коло Македонија ја пречекува Австрија која со 8-1 ја совлада Летонија. Мечот се игра на 21. септември.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе