Шест англиски екипи во четвртфиналето на европските натпреврувања

Англичаните само пред половина век биле доминантни во Европа како денес

Челси и Арсенал денеска изборија пласман во четвртфиналето од Лига Европа и ја потврдија импресивната сезона за англиските клубови во големите континентални натпреварувања.

Челси денеска буквално го здроби Динамо Киев со 5-0 на негов терен, а Арсенал со 3-0 го совлада Рен. И двете лондонски екипи се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа.

Претходно пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите обезбедија Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Тотнем.

Ова е втор пат во историјата да има шест англиски тимови во четвртфиналињата од големите европски натпреварувања во една сезона. Претходно тоа само се случило во 1970-71.

Англичаните се импресивни засега, останува да видиме дали ќе успеат да донесат некој од европските трофеи во својата земја. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе