Лига на нации

Ангеловски: Сега настапуваме како репрезентација учесник на ЕП, мора да го даваме максимумот

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека против Естонија и Ерменија е важно да се победи и покрај емотивното празнење кое го имавме по пласманот на Европското првенство. 

Брзо по големиот успех, македонските фудбалери ги очекуваат нови предизвици, прво утре против Естонија а потоа и против Ерменија. Не е лесно да се одигра меч веднаш по славењето на пласманот на Европското првенство, но селекторот очекува неговите играчи да го дадат максимумот на престојните мечеви.
 
„Главната цел ни беше да се пласираме на ЕП, но и во Лигата на нации сакаме да бидеме први. Ќе дадеме се од себе за да ги добиеме овие два натпревари. Нормално е дека после еден ваков пласман да сме емотивно испразнети, но кога играш за Македонија на секој меч треба да го дадеш максимумот“, вели селекторот Ангеловски.
 
„Утре настапуваме како репрезентација која е учесник на ЕП, тоа е товар, но и статус кој мора максимално да го браниме. Им кажав на фудбалерите дека мора да го дадат максимумот на утрешниот натпревар бидејќи тоа ни е должност.
 
„Доволно време сме заедно, добро се познаваме и покрај тоа што немаме доволно време за подготовка знаеме што треба да правиме на теренот“.
 
На прес конференцијата беше и Иван Тричковски кој се очекува да добие шанса од првата минута.
 
„Факт е дека после историскиот успех сме потрошени физички, психички и емоционално, но наша должност е утре да го дадеме максимумот како и досега. Целта ни е да го освоиме тоа прво место и да се пласираме во Лига Б од Лигата на нации“, вели Тричковски.
 
Утре имаме должност имаме и квалитет после овој историски успех. Два натпревари кои треба да ги добиеме и да го освиме првото место кое ќе ни донесе пласман во Б групата.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе