Откако го потврдивме првото место во групата со убедлива победа над Гибралтар

Ангеловски: Сега целта е пласман на ЕВРО 2020

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека целта сега е пласман на ЕВРО 2020 откако „црвено-жолтите" со победа над Гибралтар го потврдија првото место во групата.

Македонија успешно го заврши настапот во Лига Д, и ќе биде дел од баражот кој ќе се одигра во март 2020 преку кој една од четирите првопласирани репрезентации ќе избори настап на Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ вечерва го потврдија своето учество со победа над Гибралтар, која исто така ни донесе и настап на домашен терен во полуфиналето.

„Сега целта е пласман на ЕП 2020 и тоа ќе го барам од фудбалерите“ – вели селекторот Игор Ангеловски по триумфот од 4-0 на „Филип Втори“.

„Немам некоја посебна желба за следниот противник. Ќе видиме кој ќе ни се падне, но јас повеќе сакам да се гледаме сами себе. Се надевам дека тоа полуфинале кое ќе го играме на домашен терен ќе побуди големо внимание, зошто фудбалерите заслужија поддршка. Јас можам само да им се заблагодарам на сите кои доаѓаат да не поддржат“.

„Честитки за фудбалерите, тие се најзаслужни за овој успех, макотрпно работеа за да стигнат до тука. Ја исполнивме првично зацртаната цел и можеме да бидеме задоволни. Македонија покажа дека не припаѓа во оваа група“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе