Лига на Нации

Ангеловски: Разочаран сум од бодот, со нашиот квалитет требаше да победиме

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека е разочаран од бодот во Талин, смета дека Македонија имала квалитет да победи на гостувањето кај Естонија.

По победата над Косово во плеј-офот за настап на Европското првенство, Македонија денеска играше против Естонија во третото коло од Лигата Ц во Лигата на нации.

„Црвено-жолтите“ важеа за фаворит, но се спасуваа од пораз во Талин. Со два гола во финишот од мечот, избраниците на Игор Ангеловски стигнаа до реми од 3-3.

„Разочаран сум од бодот. Со нашиот квалитет моравме да победиме, но честитки до Естонија која погоди три пати. Ние имавме шанса кога се вративме на 3-3, но заврши натпреварот. Играчите беа дел од натреварот со Косово, сакав да им дадам можност, со цел да одморам дел од главните играчи во тимот. Мечот со Косово беше многу важен, па затоа им дадов шанса на останатите играчи. Мое е да им понудам игра, а нивно е дали ќе ја искористат“ – вели селекторот на Македонија.

„Натпреварот имаше убав ритам со шесте голови. Жал ми е што примивме три гола, промашивме пенал, двата тима играа одлично, а особено Македонија во финишот од средбата. Задоволен сум од последните 30 минути од натпреварот, успеавме да избегмене пораз, ама јас не сум задоволен. Со оглед на резултатот на Грузија и Ерменија, ќе бевме многу поблизу до првото место во групата. Сепак, има уште три натпревари до крајот и ќе дадеме се од себе да стигнеме до првото место“

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе