Македонија ги доби противниците во Лигата на нации

Ангеловски по ждрепката во Амстердам: На секој натпревар ќе одиме на три бода, целта е првото место

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски ја прокоментира ждрепката во Лигата на нации, вели дека можеме рамноправно да се носиме со сите и порача дека целта е првото место во групата.

Вечерва во Амстердам беа одредени групите за новата сезона од Лигата на нации. Во циклусот 2020/21, Македонија ќе биде дел од Лига Ц, a денешната ждрепка не смести во Група 2, заедно со Грузија, Естонија и Ерменија.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека можеме со сите да се носиме и порача дека целта е првото место.

„Со оглед на нашиот квалитет, игрите кои ги прикажавме изминатиов период и остварените резултати, целта на Македонија ќе биде да се бориме за првото место, но во овој момент сиот фокус ни е насочен кон натпреварот со Косово“ – вели Ангеловски.

„Во минатото, многупати покажавме дека можеме рамноправно да се носиме со било кој противник, а така ќе биде и сега. Одиме да го освоиме првото место. На хартија пртовниците не се атрактивни, но поседуваат квалитет. Сепак, не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе