Последната прес-конференција како селектор на Македонија

Ангеловски: Ова не е голем ден само за Пандев, ова е голем дел за цела Македонија, испративме голем великан

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски уште еднаш потврди дека ова е негова последна прес-конференција, тој има големи зборови за Горан Пандев. 

Селекторот Игор Ангеловски ја одржа последната прес конференција како селектор на Македонија.
 
„Кога ќе спласнат емоциите ќе дадеме генерална оценка. Сега можам да кажам само дека беше огромно задоволство да се води Македонија на едно ЕП. Да ја почувствуваме и ние убавината на ЕП и заедно со навивачит да и се претставиме на Европа. Мислам дека не треба да бидеме разочарани, ова беше нас дебитантски настап, го разбивме ледот, им благодарам на сите“, вели Ангеловски.
 
„Никогаш не ги коментирам судиите. А тоа што поставивме цел да ја поминеме групата е нормално, инаку зошто би оделе на Европско првенство“.
 
„Ова е моја последна прес-конференција и сакам да искажам благодарност до целиот мој стручен штаб, до мојот медицински персонал, фудбалерите предводени од капитенот Горан Пандев, благодарност до сите домашни и странски медиуми за соработката што ја имавме. И на крајот морам да се заблагодарам на моето семејство за сета поддршка што ја добивав. Ова се моменти кои засекогаш ќе ги паметам, никогаш нема да заборавам дека сме биле дел од ова. Никогаш не ги делам играчите, нема сега да зборувам за тоа кој задоволил, а кој не, оставам на тие што ќе дојдат после мене да го направат тоа“.
 
„Овој меч не беше голем само за Панев, туку за цела Македонија, испраќавме великан кој не задолжи сите со својата голема кариера и човекот што не задолжи со сето тоа што го има направено за фудбалот во Македонија. Јас можам само да кажам дека сум среќен што пет и пол години работев со таков капитен и таков човек и му благодарам за се. Идните генерации имаат еден добар пример за тоа како треба да се однесуваат, како треба да работат за да стигнат до величините што ги стигна Горан Пандев“.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе