Целта е првото место и пласман во Лига Б

Ангеловски: Не сум човек што калкулира, со победа да го заокружиме овој циклус

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека не е тренер што калкулира, не игра на нерешно и сака со победа над Ерменија да го заокружи овој циклус и да обезбедиме промоција во Лига Б во Лигата на нации.

Откако „црвено-жолтите“ обезбедија историски пласман на Европско првенство, целта сега е првото место во групата и промоција во Лига Б од Лигата на нации.

За ваков успех, потребно е само реми на гостувањето во Кипар против Ерменија, но проблем е тоа што ќе имаме многу отсуства. Пандев и Димитриевски се ослободени, Барди, Адеми, Алиоски и Елмас се повредени а Николов и Спировски се суспендирани.

Но и покрај тоа, селекторот Игор Ангеловски најавува дека нема калкулации и верува дека играчите кои отпатуваа во Никозија се подготвени со победа да го завршат овој циклус.

„Не сум тренер што калкулира, особено не да играм нерешено. Можеби тоа ми е маана. Не сум човек што се жали, и порано сме имале повредени, суспендирани и не сме се жалеле. Имаме доволно квалитет, играчите кои се тука се подготвени да покажат зошто се тука. Секој позитивен резултат не носи во Лига Б, и тоа е многу важно. Целта е прво место, да се заокружи овој циклус со победа“ – вели селекторот на Македонија.

Фото: ФФМ - Игор Паневски

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе